(Видео) Витанов: Поддршката на Косово и Албанија за пописот се доказ дека се спроведува туѓа агенда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Витанов, во денешното издание на „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс, во однос на поддршката што власта ја доби од високи функционери од Косово и Албанија за спроведувањето на пописот рече дека тие немаат апсолутна врска со пописот и дека нивната поддршка укажува на тоа дека се одработува за туѓа агенда

„Кога власта вели дека ќе дојдат странски инвестиции кога ќе има попис, а пописот треба да ни го спроведе Артан Груби, поддршка ни дало Косово, тоа нема никаква врска со нас. Тоа зборува дека човекот повторно спроведува туѓа агенда. Кога сите рационални луѓе од областа на статистичката наука укажуваат дека нема услови за спроведување на попис, а он упорно го прави и влегува во контрадикторност дури и со медицината, јасно е дека тоа е туѓа агенда.Епа извинете, ако ние не научиме да си ја чуваме сопствената агенда, па тогаш, не ни заслужуваме ништо“, подвлече Витанов.

Тој уште еднаш повтори дека нема намера ниту тој, ниту неговото семејство да се попишат, апелирајќи до попишувачите воопшто да не се појавуваат во неговиот дом

„И затоа од тој аспек јас го игнорирам. И јавно кажувам, моето семејство нема да се попише и немојте во мој приватен дом попишувачите да доаѓаат. Немате што да барате. Ова не е направено ниту по економски, ниту по статистички, ниту по научни стандарди“, апелираше Витанов.

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

Posted by infomax.mk on Friday, March 26, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This