(Видео) Вонредна состојба во Канада: Големо невреме ја погoди земјата, активирана apмијата, има и зaгинaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице загина во канадската провинција Британска Колумбија кога силно невреме ги отсече копнените патишта во регионот, а беше прогласена и вонредна состојба.
Канадската армија беше испратена на местата погодени од невремето, со цел да им помогне на илјадниците „заробени“ жители кои треба да бидат преместени по невремето, јави Би-Би-Си.
Премиерот Џастин Трудо вети помош и додаде дека армијата ќе помогне во обновата на погодените региони.
Една жена загинала во одрон, а две лица се водат како исчезнати.

Премиерот на Британска Колумбија, Џон Хорган изјави дека вонредната состојба стапи на сила во средата напладне по локално време (21:00 часот по средноевропско време).
Тој рече дека ограничувањата за патување ќе ги оддалечат луѓето од поплавените реки и ќе им овозможат на основните намирници да стигнат до бројни заедници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This