(Видео) Во живо: Момировски открива детали за paспитот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Горан Момировски, во вечерашното гостување во Прашањето ми е следно на Инфомакс, откри детали за распитот на кој беше повикан денес, а во врска со податоци објавени во емисијата „Заспиј ако можеш, на ТВ Алфа.

Дадов исказ, дополнителни информации во врска со емисија објавена од ТВ Алфа, „ЗАспиј ако можеш“, од 11 јануари оваа година, што е посебно прашање зошто се чекало цели девет месеци. Повикан беше и колегата Драган Милосављевиќ, меѓутоа тој е изземен од оваа ситуација затоа што јас сум автор на емисијата и со мене се води постапката.

Суштината е дека во таа емисија, сме објавиле некои работи коишто било незаконски да се објават. Тука имате нели, повеќе фактори, државна тајна, највискот степен на класификација, имате службена тајна, некои други елементи има, имате јавен интерес, имате факти, имате корупција, имате злоупотреба на службена должност. За мене е оддавање на државна тајна и службена тајна, а другите коишто се инволвирани во таа емисија прават една широка лешеза на прекршување и на закони и на етички кодекси од страна на официјални државни институции. Девет месеци се молчеше за да, пред 20тина дена била поднесена кривична пријава од страна на директорот на Агенцијата за разузнавње, Ерол Муслиу, кого го споменувам во емисијата во повеќе наврати. Тој лично, како приватно лице воопшто не е важен, туку како директор на државна институција. Целиот приод на емисијата беше околу таа заробена држава, за којашто зборуваше и Рајнхарт Прибе, многу често го користам, заради тоа што мислевме деа Македонија заврши со тие приказни, но еве, за жал не е така“, открива Момировски

Тој нагласи дека мoшне интересен момент е што таа кривична пријава е процесирана за 48 часа, неверојатно брзо, веднаш по локалните избори.

„Кривчната пријава, според тоа што можам да пресметам е поднесена веднаш по локалните избори од страна на Агенцијата за разузнавање. Тука има друг момент, Агенцијата за разузнавање на под надлежност на претседателот Пендаровски. Во оваа ситуација не е важен директорот на Агенцијата, туку е важен претседателот Пендаровски“, посочи Момировски.

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This