дома Актуелно (Видео) Во Македонија почна вистинска револуција, илјадници млади протестираа против судството за...

(Видео) Во Македонија почна вистинска револуција, илјадници млади протестираа против судството за пари

Протестот „Правда за Кољо“ кој денес по втор пат се одржува по скопските улици се претвори во вистинска ревоуција. Илјадници млади се собраа и го изразија својот гнев и револтот поради несразмерно малата казна за бруталното убиство на Никола Христовски кое го изврши лице од Чаир, а кое со судската поресуда беше оквалификувано како „убиство во миг“, а убиецот беше осуден на само три години.

Младите денес испратија силна порака дека нема да толерираат неправди, нема да толерираат неправедни пресуди и нема да толерираат судство за пари. Масовно, на улиците на Скопје, испратија порака дека нема да молчат пред неправдите и нема да толерираат поигрување со законите.