(Видео) Во ова село живеат 8 стогодишници, која е тајната на долговечноста?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роденденските свеќи се задолжителна залиха во оддалеченото италијанско планинско село Пердасдефогу, на островот Сардинија. Само оваа година, се искористени веќе 500 свеќи за украсување на роденденски торти за пет жители кои наполниле 100 години, пренесува „Гардијан“.

Во одбележувањето на животниот век обично учествувало целото село. Градоначалникот Маријано Карта симболично доделувал медалот на столетникот, кој со исклучителна луцидност, често се сеќавал на детали од неговиот живот .

„Секогаш кога жител го слави својот јубилеен, 100-ти роденден, ми се чини дека пред мене е дел од историјата, жив споменик“, рекол Карта. Тој додава дека луѓето „овде раскажуваат мали приказни испреплетени со поголема приказна. Многу сум среќен“, гордо рекол Карта.

Дел од историјата на ова место се рефлектира во 16 фотографии на стогодишниците, живи или мртви, кои се наоѓаат на ѕидовите од двете страни на главната градска улица. Фотографиите го прикажуваат Виторио Палмас, кој го преживеал концентрациониот логор Берген-Белсен за време на Втората светска војна и починал во 2019 година на 105-годишна возраст.

Исто така има и мурал посветен на досега најдолговечениот граѓанин – Консолата Мелис, која починал во 2015 година на 108-годишна возраст. Консолатацбила најстарата во семејство од девет браќа и сестри кои станале познати во 2012 година кога влегле во Гинисовата книга на рекорди како најстаро семејство на живи браќа и сестри на планетата со вкупно 818 години.

Нејзината сестра, Клаудина, починала во 2016 година на 103 години, потоа Марија, која починала на 100 години и Антонио на 97 години. Уште еден член на семејството е Консета, која во февруари наполнила 100 години.

Но, долговечноста не е ограничена само на семејството Мелис.

Пердасдефогу во моментов има осум стогодишници – четири мажи и четири жени од вкупното население од 1.740 жители. Уште десет граѓани би можеле да наполнат 100 години во следните неколку години. Пердасдефогу е единствен во смисла дека бројот на стогодишници во град со големина е 13 пати поголем од националниот просек.

„Се разбира, има свеж воздух, добра храна, но верувам дека една од причините за нивната долговечност е нивниот однос кон стресот“, истакнува Луиса Саларис, професор по демографија на „Универзитетот во Каљари“.

„Родени се пред 100 години и сигурно немаа лесен живот – имаше глад и војна. Но, ова се луѓе кои успеале да се прилагодат на сите неволји – ако има проблем, тие брзо го решаваат“, додава Саларис.

Не поминало многу време откако Адолфо Мелис служел пијалок во барот што неговиот татко го отворил уште во 1958 година. Седејќи на клупа на плоштадот до барот, очите на Адолф се осветлуваат, пишува „Гардијан“, додека се сеќава на приказната и смеата наоколу масата со многуте браќа и сестри.

„Во тоа време, трпезариската маса беше малку подолга“, вели тој. Сите добро се сложувавме, ретко имаше дискусии – можеби тоа е една од причините зошто живееме толку долго“.

Адолфо, кој со години работел на фарми во младоста, е убеден дека главната причина за нивната долговечност е исхраната.

Имаше малку храна – една година пред да се роди Консолата, имаше протести во Пердасдефогу против недостаток на храна – но нивниот татко бил првиот во градот кој засадил зеленчукова градина.

Пред Пердасдефогу да биде поврзан со водоводната мрежа во раните 1960-ти, градинарската вода мораше да се донесе од бунар. „Сè што јадевме беше од нашата градина“, вели Адолфо. „Она што го ставате во стомакот е многу важно“.

Се користи многу месо во локалната исхрана, како и риба (морето е околу еден час возење), но трикот е „да се јаде малку, но здрава храна“, посочува тој. Тој додава дека неговото семејство отсекогаш било физички активно, особено во земјоделството. Но, тие биле и деловни луѓе. „Три од моите сестри имаа продавници и работеа во продавници“.

Иако населението во Пердасдефогу е претежно постаро, тоа не значи дека населбата не е жива.

Во текот на годината се одржуваат неколку културни настани, вклучително и литературен фестивал. Локалните жители веруваат дека книгите имаат влијание и врз долговечноста на жителите.

До фотографијата на Виторио Палмас, кој држи копија од книгата „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркел, стоел натпис на кој пишувало: „Читањето те одржува во живот“.

Литературниот фестивал го организирал Џакомо Мамели, далечен братучед на браќата и сестрите Мелис, кој сè уште работел како новинар на 80-годишна возраст.

„Условите на нашата животна средина играат клучна улога“, вели Мамели.

Друг важен фактор, велат тие, е дека Пердасдефогу има чувство за заедница. Постарите лица сè уште живеат дома, а не во домови за стари лица. „Социјализацијата е толку важна затоа што ако имате добри социјални контакти, се сеќавате, разговарате, споделувате мислења и живеете добро“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This