дома Технологија (ВИДЕО) ВРАЌАЊЕ ВО МИНАТОТО: Филм од 1896 година во боја и во...

(ВИДЕО) ВРАЌАЊЕ ВО МИНАТОТО: Филм од 1896 година во боја и во 4К резолуција

Немиот филм „Влегување на воз во станица“ на браќата Лимијер создаден е далечната 1896 година. Со помош на вештачка интелигенција, денес можеме да го гледаме во боја и во 4К резолуција.

Според урбаната легенда, кога овој филм прв пат бил прикажан пред публика, луѓето биле толку изненадени што некои од нив врискале и се обидувале да се тргнат од пред возот стравувајќи да не бидат прегазени.

Денес, 124 години подоцна, Денис Ширјајев ја искористил вештачката интелигенција за да го подобри оригиналниот филм и да го трансформира во 4К 60fps снимка.

Комбинација од програмите „DAIN“ и „Gigapixel AI“ е користена за анализа на оригиналните снимки и пронаоѓање детали и структури со кои би требало да се комплетира сликата.

Оваа технологија помага да се изострат и подобрат оригиналните снимки, како и да се додадат пиксели кои недостасуваат, пишува „Mashable“.

Погледнете како изгледа овој стар филм во 4К резолуција:

Вака изгледа оригиналната снимка: