дома Балкан (Видео) Вepниците се збoгуваа од пaтријархот Иринеј

(Видео) Вepниците се збoгуваа од пaтријархот Иринеј

Сандакот со телото на патријархот Иринеј од Патријаршијата на Српската православна црква е изложен во белградската црква Св. Архангел Михаил. Телото на патријархот Иринеј, кој почина како резултат на ковид-19, за разлика од телото на Амфилохије, е покриено со стакло. Толпи се собраа во и пред црквата.

Српската државна телевизија РТС покажа како луѓето масовно ја бакнуваат прекривката над телото на Иринеј. Голем број луѓе се собрани околу ковчегот, но многу малку од нив носат маски.