дома Македонија (Видео) ГИ ПОСВОИВМЕ СКОПЈАНИТЕ: Грците се фалат дека ја посвоиле Северна Македонија

(Видео) ГИ ПОСВОИВМЕ СКОПЈАНИТЕ: Грците се фалат дека ја посвоиле Северна Македонија

Ја посвоивме „С Македонија“. Да, може да се каже дека ја посвоивме. Кога премиерот Ципрас беше во Скопје со делегацијата, нивната делегација беше насмеана, многу министри нù укажаа и чест па се облекоа во боите на грчкото знаме. На пример погледнете ја министерката за одбpaна, Радмила Шекеринска, боите на нејзиниот комплет се во потполно исти бои. Но има и суштински работи, ние покажавме дека ја пocвоивме „С“ Македонија, покрај зaштитaтa на нивниот вoздyшен простор, нивните вoeни лица ќе се обучуваат исклучиво во нашите школи, а ќе направиме и 42 програми за сите нивни региони, дури ќе им направиме и метеоролошка служба за што денеска се договоривме, објаснува Катја Макри која не нарекуваше цело време СКОПЈАНИ.

Исто така, таа ги набројува и придобивките за Грција, посебно на трговски план.

Во продолжение, погледнете го видеото посветено на вчерашната посета на Скопје, на премиерот Алексис Ципрас и грчката делегација.