April 18, 2024, 12:10 pm

(Видео) Гласачите треба да го дезинфицираат прстот пред употреба на отпечаток од прст

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дезинфекција на раце, носење маска и дистанца ќе биде задолжително да се почитува и од гласачите и од членовите на општинските изборни одбори. Протоколите за спречување на ширење на вирусот предвидуваат гласањето да се врши со пенкало, и истото да се дезинфицира по употреба на секој гласач. За време на посетата на тимот на АЛСАТ на терен, забележавме дека и маските и средствата за дезинфекција се дел од изборниот материјал. Носењето ракавици се уште не е познато дали е неопходно или не.

Во однос на употребата на отпечаток од прст, гласачите треба да го дезинфицираат прстот пред да го стават во уредот за отпечатоци додека уредот нема да се дезинфицира од технички аспекти.

Како друга мерка за спречување на корона вирусот во местата каде што ќе гласаат граѓаните е и дезинфекција на училниците, процес што беше спроведен синоќа. По завршувањето на изборниот процес, училишните простории ќе треба да бидат дезинфицирани од општините за да биде безбеден наставниот процес.

„Врз основа на одредбите од Изборниот законик, ДИК ги обврзува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите избирачки места. За оваа законска обврска, ДИК неколку пати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел да се почитуваат здравствените протоколи за одржување избори, како и да се заштити здравјето на изборните тела, гласачите и учениците“, велат од ДИК.

Општинските изборни комисии денеска ги направија последните подготовки за одржување на локалните избори утре, вклучително и имплементација на протоколи против корона вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This