дома Актуелно (Видео) Гледа ли „Кастриотица“ бугарски медиуми: Кастриот не одговара на повиците на...

(Видео) Гледа ли „Кастриотица“ бугарски медиуми: Кастриот не одговара на повиците на Инфомакс, нема промена во ставовите на Бугарија, BETOTO останува

Поранешниот пратеник на БЕСА, Кастриот Реџепи кој мистериозно исчезна кога требаше да се гласа недоверба на Владата најпрво велеше дека од диломати на ЕУ и САД добил сигнали дека датум ќе има, за потоа да изјави дека информациите му се од сопругата која го слушнала францускиот претседател Макрон на телевизија и токму ова е причината што не гласал за пад на Владата на Заев.

Се поставува прашањето дали „Кастриотица“ сопругата на Реџепи гледа бугарски медиуми?

Имено во текот на вчерашната вечер на прес-конфренција и примопредавање на функцијата министер за надворешни работи и техничкиот министер за надворешни работи и новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска потврдија дека нема да има промена во ставот на Бугарија по однос на спорот со Македонија, односно дека Македонија нема да добие датум ниту овој декември.

Новата министерка изјави дека нема да има промена на позициите и останува на сила декларацијата на бугарското собрание со која се предвидува ревизија на учебниците во Македонија, влегување на бугарско малцинство во Уставот и непризнавање на македонскиот идентитет и јазик.

https://twitter.com/Kalabalak_/status/1470699734692249602

Редакцијата на Инфомакс веќе неколку часа се обидува да го контактира пратеникот Реџепи, но не успешно. Тој не одговара ниту на повиците ниту на пораките од нашата редакција.

Целата изјава на Бугарските преставници можете да ја погледнете тука: