дома Сцена (Видео) Голема тaгa во „Гранд“ почина финалистот кој до неодамна другите ги...

(Видео) Голема тaгa во „Гранд“ почина финалистот кој до неодамна другите ги лекуваше со песна

Учесникот на првата сезона и финалист на шоуто „Никогаш не доцна“, Милорад Павловиќ Арса почина денес на 63-годишна возраст!

На пејачот од Власотинце во февруари минатата година му беше дијагностициран рак на белите дробови, а неговата здравствена состојба одеднаш се влоши во последните неколку месеци.

До пред една година, според неговите сограѓани, со песна лекувал рани на многумина и бил дел од секоја радост во Власотинце. Со неговиот глас се кршеле чаши, душата му пееше, липаше и се радуваше, а од минатата година се бори за живот и неговите од Власотинце му помогнаа да ја залечи најголемата рана – осаменоста.

Сепак, тој не успеа. Веста за неговата ненадејна смрт ги шокираше неговите сограѓани, но и колегите и учесниците во шоуто на ветераните.