(Видео) Голем пожap во Кефалонија, на терен над 100 пожapникари, во тек е и евakyaција на населението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем пожар и денеска гори во шумската област на грчкиот остров Кефалонија.

Пожарот го гаснат 106 пожарникари, заедно со шест копнени екипи и 27 возила, јави АНА.

Поради пожарот на островот, вчера, како мерка на претпазливост, донесена е одлука за организирана евакуација на целото население во областа Капандрити.

Според зборовите на градоначалникот на Аргостоли, Теофилос Михалатос, евакуацијата на населението се прави со цел да се заштитат луѓето што се наоѓаат во таа област.

Михалатос пожарот во Капандрити го опиша како опасен поради силниот ветер што дува во околината и високите температури, додека за евакуацијата на селото изјави дека тоа е сторено по предлог на командантот на противпожарната единица.

Денес беа евакуирани уште три населени места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This