дома Македонија (Видео) ГОРГИЕВСКИ: Историски факт е дека Делчев е Бугарин

(Видео) ГОРГИЕВСКИ: Историски факт е дека Делчев е Бугарин

Откако во медиумите беше објавена изјава на некогашниот премиер Љубчо Георгиевски, во која тој вели дека Гоце Делчев е Бугарин, тој на Фејсбук објаснува дека изјавата е стара повеќе од 5 години.

„Во последните денови излегоа повеќе текстови и видеа со мои изјави.Сакам да ве информирам дека во последната година не сум давал никаква изјава со историска пpoблематика.Сите видеа и изјави се стари повеќе од пет години а некои дури и триесет. Добро е што ги објавуваат некои медиуми само да не пишуваат дека се дадени вчера. А на тие што не им се допаѓа содржината нека се спpoтистават со факти а не со етикети“, напиша Георгиевски на својот Фејсбук профил.