(Видео) Гоце Делчев и јазикот се Македонски: Мицкоски ги ypна лaжните вести на владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето: Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?

-Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на нeгирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн, рече Мицкоски и додаде:

„Но, забележлива е нeрвозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лaжни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лaжна вест им се рacпрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лaжни вести, а ние ќе продолжиме да работиме“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This