дома Занимливости (Видео) Го нema Чакаларов! Ја нема Македонија!: На денешен ден е yбиeн...

(Видео) Го нema Чакаларов! Ја нема Македонија!: На денешен ден е yбиeн македонскиот вojвода Васил Чакаларов

На денешен ден е убиен македонскиот војвода Васил Чакаларов. На овој ден ден грчките војници шетале низ македонските села и градови во Егејска Македонија со неговата отсечена глава и извикувале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија“.

Васил Чакаларов е роден во 1874 година во костурското село Смрдеш, а убиен е на 9 јули 1913 година во Бел Камен, Леринско.

Чакаларов е македонски револуционер, главен војвода на ВМОРО во Костурско, најголем противник на грчката вооружена пропаганда во Македонија.
По Илинденското востание Васил Чакаларов неколку години се повлекува во Софија, живее мирен живот, добива ќерка, се обидува да го продолжи школувањето. Но брзо почнува младотурската револуција и балканските војни во кои Чакаларов пак активно ќе учествува.

„Атентаторски акции на прво место. Четнички на второ. Организирање на весници на трето место. Атентати, затоа што само со тоа ќе ја заинтересираме Европа. Делото на Гемиџиите треба да го продолжиме. Нема да биде хумано, ами има ли некој да е хуман кон нас? Секој ги заштитува своите интереси, но и ние треба да ги чуваме своите интереси…“

Ова е дел од говорот на Чакаларов на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО во 1906 година. Четата на Чакаларов која тргнала од Софија кон костурско во септември 1912 година била составена од голобради момчиња без никакво воено искуство ниту пак обученост, кои понесени од желбата за ослободување на нивната татковина се приклучиле кон војводата. Се приклучиле и грчки чети во борбата против Турците. Грчката воена команда добила телеграма со барање за заедничко дејствување против турската војска во Леринско. Грчките генерали пораката ја примиле со огромна радост и олеснување, знаејќи дека токму грчката војска беше најслаба во балканските војни, а Чакаларов со својот авторитет ќе им биде од огромна помош.

Видеото погледнете го тука.