дома Балкан (Видео) Го oднecoa кaкo кyфep: Инцидeнт вo нajгoлeмиoт тpгoвcки цeнтap вo Загреб

(Видео) Го oднecoa кaкo кyфep: Инцидeнт вo нajгoлeмиoт тpгoвcки цeнтap вo Загреб

Купувачите во најголемиот шопинг центар во Загреб, Арена биле изненадени од полициска акција за апсење осомничен баран за изнуда.

Шестмина вооружени полициски специјалци, со облечени панцири и маски на лицата, го уапсиле осомничениот во молот, па морале да го носат низ објектот, пред очите на стотици присутни граѓани, а сево ова е забележано на снимки кои купувачите ги направиле со своите мобилни телефони:

Неофицијално, станува збор за кривично дело изнуда. Мажот паднал во полициска стапица, тој бил уапсен при примопредавањето на обележаните пари.

Но, повеќе детали засега не се познати.