дома Балкан (Видео) Гужва на „Богородица“: Четири колони возила чекаат ред за влез во...

(Видео) Гужва на „Богородица“: Четири колони возила чекаат ред за влез во Грција

Дури четири колони возила чекаат во редици за влез во соседна Грција ова утро.

На граничниот премин „Богородица“ од македонска страна утрово според видео камерите се забележува невообичаена гужва.

Туристите претежно од Македонија и Србија и во раните утрински часови чекаат да ја преминат границата со нашиот сосед и да заминат на море.

Инаку од вчера во Грција важат нови правила за влез во рестораните, трговските центри и маркетите.

На другите гранични премини засега не се забележани поголеми застои и гужви, а каква е атмосферата детално проверете самите ТУКА.