дома Европа (Видео) Гoлмaнoт збecнa – нaпaднa cвoj coигpaч сpeдe нaтпpeвap и пoчнa дa...

(Видео) Гoлмaнoт збecнa – нaпaднa cвoj coигpaч сpeдe нaтпpeвap и пoчнa дa гo дaви

Фудбалските тимови на Гленторан и Колреин одиграа 2-2 во меч од првенството на Северна Ирска, а средбата ја одбележа инцидентот кога голманот на домашните физички нападна соиграч, по што му беше покажан црвен картон.

Голманот Арон Меккари ги загуби нервите во 80-та минута кога гостите изедначија на 2-2, и прво го турна силно Боби Барнс кој падна на земја, а и после тоа го давеше, додека не се вмешаа останатите соиграчи да го спречат. Судијата го исклучи голманот, кој 10 минути го остави тимот на цедило, но резултатот остана 2-2.

Видеото може да го погледнете ТУКА.