дома Свет (Видео) Гoлeма тепaчкa во пaрлaмeнтoт во Ермeниjа

(Видео) Гoлeма тепaчкa во пaрлaмeнтoт во Ермeниjа

Во парламентот на Ерменија денеска дојде до голема тепачка.

Имено, вербалниот судир помеѓу пратеничката на опозициската фракција „Имам чест“ на Ана Мкртчијан и премиерот Никола Пашињан се претвори во физичка пресметка со претставниците на владејачката партија.

Претседателот на Собранието Ален Симонџан побара пратеничката од опозицијата да ја напушти салата, по што униформирани припадници на Службата за безбедност упаднаа во салата и се обидоа да ја изнесат.

Пратениците од опозицијата ја бранеа, што доведе до туркање, по што беше најавена пауза во работата на парламентот.

Седницата продолжи кога пратениците од опозицијата ја напуштија салата.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.