дома Балкан (Видео) Гoлeмa пoлициcкa akциja вo Србија: Уaпceни члeнoви нa cpпcкaтa kpиминaлнa гpyпa...

(Видео) Гoлeмa пoлициcкa akциja вo Србија: Уaпceни члeнoви нa cpпcкaтa kpиминaлнa гpyпa нa Вeљa Нeвoља ocoмничeни зa y6иcтвa

Српските специјалци денеска во филмска сцена уапсија уште двајца членови на криминалниот клан на Вељко Беливук, кои се меѓу осомничените за убиство на две лица, пишуваат српските медиуми.

Уапсените осомничени се Сенад Решовиќ и Дејан Михајловиќ, а според српската полиција, нивното апсење е доказ дека во истрагата за крвавите злосторства на озлогласениот клан на Беливук, познат како Веља Неволја, нема заштитени.

Криминалната група стана една од главните теми во српската, но и во регионалната јавност, кога во голема полициска акција во февруари беа уапсени Беливук, неговата десна рака, Марко Миљковиќ и уште дваесетина членови на навивачката група „Принципи“, кои според обвинението со години мачеле и убивале ривали и соработници, изнудувале пари и продавале оружје и дрога.