дома Хроника (Видео) Гoлeмa akциja нa cooбpaќajнaтa пoлициja нa aвтoпaтoт Гевгелија – Куманово

(Видео) Гoлeмa akциja нa cooбpaќajнaтa пoлициja нa aвтoпaтoт Гевгелија – Куманово

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 79 прекршоци.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина поголема од 50 километри на час. При контролата се констатирани и санкционирани и 25 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.