дома Свет (Видео) Гopи Калифорнија, измepeни peкopдни 54 степени

(Видео) Гopи Калифорнија, измepeни peкopдни 54 степени

Пожари се шират низ западниот дел на Соединетите Држави, koj е под влијание на топлотниот бран со рекордни температури во некои области.

Во Калифорнија, според локалните власти, околу 20 куќи биле уништени во пожари, објави Ен-Би-Си.

Противпожарните екипи кои се борат со пожарот велат дека воздухот е толку е топол и сув што испуштената вода од авионот испарува пред да ја допре земјата.

Властите наредија евакуација на населението од погодените области, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот под исклучително тешки услови.

Во саботата, двајца пожарникари во Аризона загинаа кога нивниот авион се урна при обид да го изгасне огнот.

Рекордната температура од 47,2 степени беше измерена во Лас Вегас тој ден.

Големиот топлотен бран се приближува до рекордите трет ден по ред, така што во неделата беа забележани 54 степени во пустината Долина на смртта во Калифорнија, која во моментот беше една од најтоплите места на планетата, додава Ројтерс.

https://twitter.com/rs_sputnik/status/1414478214022508546?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1414478214022508546%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs.sputniknews.com%2Fsvet%2F202107121125901719-apokalipticne-scene-gori-kalifornija-izmereno-vise-od-54-stepena-video-foto%2F