дома Македонија (Видео) ГOPEA АВТОМОБИЛИТЕ НА МАРИНЕЛА ТУШЕВА: Пратеничката објави снимка од зaпaлeнитe автомобили

(Видео) ГOPEA АВТОМОБИЛИТЕ НА МАРИНЕЛА ТУШЕВА: Пратеничката објави снимка од зaпaлeнитe автомобили

Поранешната пратеничка Маринела Тушева, која сега работи во Министерството за одбрана, на нејзиниот фејсбук профил објави видео на кое се гледа како гори еден од двата автомобили, запалени од засега непознати сторители.

Настанот се случил утринава околу 5 часот во штипската населба „Сењак 3“ на улица „Борис Крајгер“, каде возилата биле опожарени така што пироманите прво ги скршиле стаклата од возилата, а потоа во нив фрлиле молотови коктели.

Автомобилите кои биле опожарени се во сопственост на Мите и Никола Тушеви, татко и брат на Маринела Тушева, сопруга на советникот на премиерот Зоран Заев за европски интерграции, Бојан Маричиќ.

Од она што го зборува чаршијата, Тушева е жртва на незадоволни поддржувачи кои добиле ветувања од пратеничката кои не биле исполнети.