дома Балкан (Видео) Гpциja вo плaмeн – cтpaшни пoжapи вo близинa нa Aтинa

(Видео) Гpциja вo плaмeн – cтpaшни пoжapи вo близинa нa Aтинa

Грчките власти евакуираа неколку подрачја северно од Атина откако пожарот ги зафатил шумите и претставувал закана по куќите.

Пет канадери и четири хеликоптери се користени денес за гаснење на пожарите во подрачјата Стамата и Родополи, 30 километри североисточно од Атина.

Жителите на ова подрачје примиле предупредување на мобилните телефони и се повикани вратите и прозорците да ги држат затворени што е можно подолго за да не би биле изложени на чад.

Видео може да погледнете ТУКА.

На терен се упатени 68 пожарникари, 22 пожарникарски возила се распоредени за да се обидат да го спрачат огнот, чиј чад допира до Атина. Силниот ветар го отежнува гаснењето на пожарот.

Видео може да погледнете ТУКА.