дома Актуелно (Видео) Давидовски: За патриотските здружeнија дознав отпосле, кога ги зaтворија

(Видео) Давидовски: За патриотските здружeнија дознав отпосле, кога ги зaтворија

Во денешното издание на „Тешки муабети“ на Инфомакс се вклучи во живо Дејан Давидовски Дешо, зборуваше за настаните околу и по 27 април.

Давидовски посочи дека патриотските здруженија не учествувале на договарањата и брифинзите кои претходеле на настаните.

„Патриотските здруженија ни јас сум ги знаел, ни некој друг ги знаел, ни служба, ни ништо. Откако ги затворија, откако почнаа потерници, после видов кој се како се и што се и за Јане и за Горан и за Игор и Југ“, појаснува Давидовски додавајќи дека се изманиулирани и искористени за други цели.

Давидовски ги спомна и документите кои од Интерпол ги испратиле до неговиот адвокатски тим во Стокхолм, во кои меѓу другите бил спомнат и Стефан Младеновски, кој бил заштитен сведок кај Русковска, потоа неговиот брат, како и што тие направиле за да останат на слобода.