дома Македонија (Видео) Делегација на Владата положи свежо цвеќе по повод Денот на Apмијата...

(Видео) Делегација на Владата положи свежо цвеќе по повод Денот на Apмијата на Република Македонија

Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Киро Глигоров и Борис Трајковски.

На денешен ден, во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев”, кој подоцна во Народно ослободителната војна (НОВ) прерасна во војска кој ја ослободи територијата на нашата држава, пожртвувано оставајќи печат вграден во темелите и независноста на нашата татковина.

Денеска, 78 години подоцна, Армијата на Република Северна Македонија на највисоко професионално ниво, заедно со останатите сојузнички војници на земјите-членки на НАТО, дејствува согласно стандардите на Алијансата, учествува во меѓународни мировни мисии и го дава својот придонес во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност.