(Видео) Деспотовски ја искара Ременски што даваше изјава: Екс потпретседателката незадоволна од малата излезност и фаворизирањето на Ковачевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фросина Ременски, која заедно со Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски денеска учествуваше во трката за нов лидер на СДСМ, во изјава за медиумите истакна дека не е задоволна од излезноста

„Она што сакам да го истакнам вечерва е дека од она што го слушам и од Централната изборна комисија, воопшто не сум задоволна од излезноста на нашето членство и тоа е сериозно прашање за една внатрепартиска дискусија за она што го очекуваме и како исход и како резултат од ова. Можеби не се толку важни резултатите како што е важно прашањето зошто нашето членство одлучи да не излезе“, изјави Ременски.

Таа додаде дека е свесна дека Димитар Ковачевски, другарот, како што го нарече таа е во предност.

„Сигурно слушнавте, прашувавте дали имаат одредени кандидати предност или не. Секако, јас верувам и знам дека предноста секако ја имаше Димитар Ковачевски, другарот. Јас ќе ги слушнам резултатите, доколку бидат такви какви што оочекувам, ќе му подадам рака и ќе му посакам се најдобро, ќе му порачам да се погрижи многу повеќе за она што значи партиска работа, обединување на партијата. Се надевам дека ќе може, после вакви резултати да направи многу повеќе. И можеби ќе се отвори онаа дискусија во рамки на партијата дали е возможно премиер на влада и претседател на партија да менаџира вакви сериозни процеси“, изјави Ременски.

Изјавата на Ременски ја прекина другиот кандидат, Јован Деспотовски, кој во минување и посочи дека не треба да се даваат изјави, бидејќи не било така договорено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This