дома Свет (Видео) Детали за ekcплозијата: Ekcплодирал танкeр зakoтвен во градското пристаниште

(Видео) Детали за ekcплозијата: Ekcплодирал танкeр зakoтвен во градското пристаниште

На експлозијата и претходел пожар што избувнал на танкер закотвен во пристаништето.

Според првичните извештаи, експлозијата се слушнала низ целиот град. Асошиејтед прес објави дека зградите низ градот, кој е трговски центар на Обединетите Арапски Емирати, се треселе.

Канцеларијата за односи со јавност во Дубаи објави на Твитер дека пожарот е под контрола, додавајќи дека во експлозијата нема загинати и повредени. Тие објавија и снимки од гаснењето на пожарот.

Снимките од огромната огнена топка како се крева во воздухот над пристаништето и причинетата штета се проширија претходно на социјалните мрежи.