дома Актуелно (Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана...

(Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана за одење на гробишта за целата земја

Владата на предлог на Комисијата за заразни донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати градови полицискиот час ќе трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови ќе започнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Исто така апсолутно се забранува посета на гробишта на територијата на целата држава, а за евентуални прекршувања на забраната ќе следат казни.

За време на периодот за кој е донесена оваа одлука за забрана за движење, аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.