(Видео) Димитриеска Кочоска до Заев: Што ќе им оставиш на твоите деца, тоа како потпиша kaпитулација со Грција, на тоа како ја виткаш кичмата со Бугарија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ кој се одржа пред Министерство за надворешни рече дека Зоран Заев е најголемиот предавник кој оваа држава го имала.

-Зоран Заев оди си, ти си најголемиот предавник кој оваа држава го има. Денес сакам да ти порачам нешто спаси ги своите деца да не го носат твојот срам, спаси ги твоите идни поколенија, прекини ги веднаш преговорите со Бугарија. Како пред очи да ми е таа 1991 година кога Македонија ја доби таа независност. Те прашувам тебе Заев на што ќе се сеќаават твоите деца, дали ќе се сеќаваат на тоа како потпиша капитулација со Грција, на тоа како ја витка кичмата со Бугарија, такви ли спомени треба да остава еден родител на своите деца, толку многу ли ти се важни парите да не ти е гајле и да немаш милост за сопствените деца. Немој на нив да им оставаш белег и на идните поколенија кога е јасно дека за нас воопшто не ти е гајле. Заев, Македонија не е твоја таа е наша, таа е на идните генерации кои ќе се раѓаат тука, таа е исто така и на они кои живееле и пред нас тука. Таа е моја колку што е и на овој народ тука исто колку што е и на Мирче Ацев, Страшо Пинџур, на Питу Гули и на Христијан Тодоровски Карпош, на Гоце Делчев, рече Димитриеска Кочоска.

Таа во своето обраќање му порача на Заев да се врати во својата компанија и нема право да тргува со Македонија.

-Врати се Зоране во твојата компанија каде можеби ќе бидеш успешен трговец тоа ти го поседуваш и имаш право како што сакаш, ама со Македонија немаш право. Македонија ти не ја поседуваш. Од првиот ден кога дојде на власт зборуваш дека ќе ги уништуваш спомениците, дали уште оттогаш беше договорен да распродаваш се што е македонско. Дали во 2016 година дојде на власт со измами и убедувања на народот.


Од МНР ти порачувам дека ние нема да се откажеме од борбата за зачувување на македонската историја. Гоце Делчев е наш. Јас сум Гордана Димитриеска Кочоска родена и порасната во Тетово, до 19 години зборував на тетовски дијалект кој е дел од македонскиот јазик и никој до сега не ми рекол не ме разбира и дека тетовскиот не е македонски, нагласи таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This