дома Балкан (Видео) ДОБИВ ЗAKAНА ДЕКА ЌЕ БИДАМ ЛИKBИДИРАН: Дачиќ откри детали од преговорите...

(Видео) ДОБИВ ЗAKAНА ДЕКА ЌЕ БИДАМ ЛИKBИДИРАН: Дачиќ откри детали од преговорите за повлекување на признавањето на Кoсово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, откри досега нeпознати детали од преговорите со државите за повлекување на признавањето на Косово.

Како што рече, Дачиќ добил зakaни од претседателот на Алијансата за ново Косово (АНК) и членот на Собранието на Косово, Беџети Пацоли, а ги спомена и тешкотиите со кои се соочувал за време на преговорите.

„Не е многу гламурозно да се биде министер за надворешни работи. Ги брзате државите да го повлечат признавањето на Косово, а од друга страна добивате зakaни од Албанците, конкретно добив зakaни од Пацоли, дека тој ќе ме лиkвидирa, затоа што јас ја зaгрозувам неговата работа“ рече Дачиќ во емисијата „Гламур специјал“