дома Балкан (Видео) ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНО: Милошевиќ во вoeна база на САД нeпосредно пред заминувањето...

(Видео) ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНО: Милошевиќ во вoeна база на САД нeпосредно пред заминувањето во Хаг

Новинарот Стефан Цветковиќ објавил на својот Фејсбук профил видео снимка од поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, наводно пред трансферот од Тузла во Хаг во 2001 година.

На снимката се гледа како Милошевиќ влегува во американска вoeна база во кампот Иглв во Босна и Херцеговина, заедно со личност во воена униформа. Милошевиќ е во друштво на полицајци.

Според податоците кои ѝ се достапни на српската јавност, во околу 19 часот на 28 јуни 2001 година Милошевиќ бил притворен во Хаг.