дома Образование (Видео) Дури и дипломските работи се изработени подетално и попрецизно од образовниот...

(Видео) Дури и дипломските работи се изработени подетално и попрецизно од образовниот концепт на Царовска

Борче Милошевски, наставник по историја во скопската гимназија Никола Карев ја изрази својата загриженост во однос на новиот образовен концепт кој насила го турка Министерството за образование. Милошевски ја критикуваше транспарентноста на надлежните при подготовката на овој концепт, кој содржи само 48 страни,

„Првенствено е спорен моментот на презентирање на самата оваа концепција, недоволно транспарентно, без нормално првенствено да се слушне гласот на стручната фела, нормално и научно образовната фела којашто во најмала рака треба прво да биде информирана дека вакв нешто ќе се случува, па потоа вакво нешто да се презентира во јавноста. Овдека имаше спротивен пример, имаше да речеме постоеле кратки анкети коишто отпосле дознавме дека биле спроведени во јавноста, меѓутоа наеднаш, некаде во декември месец добивме веќе нацрт концепт на само 48 страници иако еве можеби страниците не би биле репер за квалитетот на концептот, меѓутоа можеме да посочиме дека дури и дипломски трудови се пишуваат поголем број. Така што сепак сметам дека еден ваков сериозен потфат би требало многу посериозно да биде изработен, многу подетално изработен, многу подетално испрезентиран, со оглед на то шт засега, илјадници илјадници наставници, илјадници илјадници ученици коишто допрва треба да седнат во училишните клупи и да учат преку овој концепт“, изјави Милошевски.