(Видео) Дaли aктyeлнитe мepки дaвaaт peзyлтaти?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поделено мислењето на граѓаните во однос на тоа дали треба да се воведе полициски час поради секојдневниот огромен број на заразени, но и жрви од коронавирусот.

Дел од нив сметаат дека само рестикции ќе стават крај на недисциплината на помладите, останатите пак, сметаат оти таквите мерки носат повеќе штета, отколку корист.

Славењето за успехот на македонската репрезентација во време на пандемија не наидува на осуда кај граѓаните. Па велат, тоа дојде спонтано, треба да се радуваме.

Кривата на заразени во последнава недела бележи просек од по 1056 заразени дневно. Битката со коронавирусот секојдневно ја губат просечно по 23 лица.Неделниот пресек пак, во однос на бројот на заразени од вкупно тестираните тестираните е 36 %.

Според последните изјави на надлежните, мерките што беа воведени пред десетина дена, се очекува да дадат резултати за некоја недела. Во меѓувреме, позитивен резултат, според просекот на дијагностицирани, хоспитализирани и починати, засега не е забележлив.

Комисијата за заразни болести од наредната недела ќе дискутира за можните рестрикции, затворање на економски оператори и ограничување на движењето во попладневните или вечерните часови, или пак, само за време на викенд.

Д-р Жан Митрев говорејќи во однос на состојбата за Канал 5 вели дека прогнозите за за следниот период не се ветувачки, спасот би можел да се бара во карантин, но доколку земјава може да го издржи.

Конечна одлука за евентуално воведување на полициски час, по дадена препорака на Комисијата, ја има владата. Претходно, поради вонредната состојба, владината одлука имаше сила на закон, но сега, за примена на евентуално воведување на ваква мерка, ќе биде потребна поинаква правна рамка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This