дома Хроника (Видео) Дeтaли за мacoвната тeпaчka во Центар Жупа: Иселеници од Италија со...

(Видео) Дeтaли за мacoвната тeпaчka во Центар Жупа: Иселеници од Италија со тепaње peшавале нepacчистени сметки

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривични пријави против четворица дебрани, кои предизвикале тепачка пред слаткарница во Центар Жупа, седиштето на општината.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ‚насилство’, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар. Тие, на 18 месецов околу 22.00 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и користејќи тврди предмети физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа“, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Како што тогаш тврдеа очевидци, станува збор за иселеници кои живеат и работат во Италија, моментно се на одмор во родниот крај, а причина била нерасчистени сметки од онаму каде што живат и работат.

Видеото погледнете го тука.