(Видео) Дoктор раскaжува за своето необично искуство: Бил единствениот лекар во кампот па морал да се опeрирa самиот себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во февруари 1961 година, Леонид Рогозов бил еден од дванаесетте луѓе кои кампувале во тогашната нова советска база на Антарктикот.

Тој бил и нивниот единствен лекар. Затоа, кога самиот се дијагностицирал со воспаление на слепото црево, имал само едно нешто што можеше да го стори – морал самиот да го отстрани.

Среде пустиот Антарктик, било невозможно да се лета поради зимата, а патувањето по море ќе траело повеќе од еден месец.

Рогозов бил заглавен во базата. Ако слепото црево пукнало, можел да умре, поради што морал да се обиде да направи нешто што никој пред него не го направил.

Двајца мажи од експедицијата станале асистенти за оваа прилика и ги додавале алатките на Рогоз. Покрај тоа, имајте на ум дека немал општа анестезија.

Отпрвин, Рогозов користел огледало, но превртениот поглед само ги отежнал работите, поради што почнал да работи на допир. Еве како Рогозов го опишал тоа со свои зборови.

„Крварењето беше обилно, но не брзав… Отворање на перитонеумот, го повредив слепото црево и морав да го сошијам. Станував се послаб и послаб, почнав да ми се врти во глава. На секои четири до пет минути, застанував да се одморам 20-25 секунди. Конечно – еве го проклетиот израсток! Со изненадување забележав црна дамка на нејзината основа. Ова значи дека само еден ден подоцна ќе пукне… Моето срце застана и видно забави, додека рацете ми беа како гуа. Па, си помислив, во секој случај ќе заврши лошо, така што се што треба да направам беше да го отстранам“.

Коцкањето на Рогозов се исплатело и тој преживеал. По операцијата, дошло до постепено закрепнување.

Температурата на телото се вратила во нормала по пет дена, а конците биле отстранети на седмиот ден по операцијата. Тој ги продолжил вообичаените должности по само две недели.

„Самооперацијата“ станала во фокусот на советската јавност во тоа време, така што истата година му бил доделен Орден за труд со Црвено знаме.

Рогозов починал на 21 септември 2000 година во Санкт Петербург од рак на белите дробови на 66-годишна возраст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This