дома Македонија (Видео) Дpaматично пред бoлницата Пирогов: Не знам што е со другите мои...

(Видео) Дpaматично пред бoлницата Пирогов: Не знам што е со другите мои роднини – фамилиите бараат информации за своите блиски

Роднините на патниците од автобусот кој се запали на автопатот Струма се уште немаат информации дали меѓу загинатите или повредените има нивни роднини.

Еден од оние кои веќе се пред болницата во Пирогов, како што објавува бугарскиот медиум Bgonair.bg, е Исмаил Селјами, кој вели дека чека официјални информации од болницата.

„Сè уште никој не ми кажа дали моите роднини се во болница или починаа во автобусот. Не снајде голема трагедија. Сакаме бугарските власти да не известат што се случува, кој преживеа“, повика Селјами.

Во медицинската установа се сместени 7 лица, пет мажи и две жени. Некои од нив се семејство со 16-годишно девојче. Шест од повредените се со изгореници, а еден е сместен на Клиниката за трауматологија.

Друг роднина кој е близок со седум лица кои патувале во автобусот на смртта ги посетил преживеаните и вели дека за останатите нема информации.