(Видео) Еве како изгледа моментот кога гром удира во автомобил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видеото прикажува застрашувачки момент како гром удира во автомобил.

Кога гром удира во дрво, обично се јавува оган, а истото може да се случи и во куќите и некои други згради. Од друга страна, автомобилот делува како Фарадеев кафез и насочува електричното празнење околу патникот.

Затоа сите во автомобилот се безбедни, а единствената штета може да се види е на бојата, понекогаш и на гумите. Може да се оштетат и електронските делови од опремата. Видеото прикажува бура во тек на возење низ Канзас.

Видеото покажува силни удари од гром проследени со продорен звук сличен на истрел. На почетокот се гледа висок интензитет на светлина.

– Во еден момент молња го погодува џипот „Гранд Чироки“.

Има последици за возилото, а најсериозно е што електрониката на автомобилот е спржена. Во описот на видеото стои дека во џипот имало четиричлено семејство и дека нема повредени, пренесува Б 92.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This