дома Македонија (Видео) ЕВЕ ШТО КАЖА: Шекеринска се огласи за „Бomбата“ која и ја...

(Видео) ЕВЕ ШТО КАЖА: Шекеринска се огласи за „Бomбата“ која и ја објавија

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, објави статус на својот официјален фејсбук профил во кој го коментира новообјавениот прислушуван разговор, каде се слуша нејзиниот глас.

Во новата аудио снимка, која датира од 2013 година, Шеќеринска зборува со тогашниот вицепремиер, Фатмир Бесими, и бара членовите на ДИК принципиелно да гласаат за победата на Андреј Жерновски на локалните избори во Центар. Шеќеринска вели дека снимката ја покажува разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.
Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!, напиша таа.

Шеќерим Ахмети, познат како „Ел Чека“, објави нова аудио бомба преку социјалната мрежа Фејсбук.

Овојпат се слуша гласот на Радмила Шекеринска, која на функционер на ДУИ му ги кажува нејзините упатства за тоа како да гласа член на Државната изборна комисија и неговиот „одлучувачки глас“ во изборите.

За истото ова дело кое го сторила Шекеринска, СЈО го водеше случајот „Титаник 2“, во кој за истото дело беше осуден екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи – на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими – на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски – 3 години, Сашо Срцев – на 3 години и Елизабета Стефановска – на 3 години затвор.

Во случајот „Титаник 2“ обвинетите буквално го сториле истото кривично дело кое го сторила Радмила Шекеринска во аудио-бомбата која ја објави „Ел Чека“.

Останува да видиме дали актуелната министерка за одбрана, ќе одговара за истото кривично дело.

Инаку, аудио-бомбите ги поседуваше владејачката СДСМ, по што се поставува прашањето: Кој е оној кој на Ел Чека му ја дал оваа аудио бомба и со тоа ја мести Раддмила Шекеринска?