(Видео) Евpoпa во хaoc: Мacoвни Првoмajcки пpoтecти вo пoвeќe дpжaви поради мерките за Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес наместо слики на скари и излети светот го обиколија фотографии од работнички протести низ Европа. Демонстранти се собраа на улиците на Париз, Торино, Мадрид, Истанбул…

Полицијата се судри со демонстрантите во Торино за да ги спречи да дојдат до градската куќа. Официјалните прослави на Празникот на трудот со ограничувања, поради коронавирусот, се одржуваа во затворено, додека стотици луѓе излегоа на улиците. Повеќе од илјада луѓе со црвени знамиња и транспаренти се собраа во Торино на традиционалните мајски демонстрации.

Еден од најголемите транспаренти гласеше: „Здравствена криза, социјална криза, еколошка криза, за да се спасиме мора да го смениме системот“. Демонстрантите направија и импровизирана гилотина со ликот на премиерот Марио Драги. Тензиите почнаа кога демонстрантите се обидоа да се пробијат низ полицискиот кордон. Полицијата потоа ги присили да се оддалечат од зградата на Градската куќа.

Протести во Турција

Турската полиција приведе 212 демонстранти откако денес на првомајските протести избија немири среде полицискиот час, соопшти кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Интервентната и цивилната полиција се судрија со лидерите на синдикатите и останатите присутни фрлајќи ги на земја пред да ги уапсат во близина на истанбулскиот плоштад Таксим.

Кабинетот на гувернерот соопшти дека на некои синдикати им било допуштено да одржат спомен-обележја на годишниот празник на трудот, додека оние кои се „собрале незаконски“, кршејќи ги притоа мерките на затворањето и игнорирајќи ги повиците да се разотидат, биле уапсени. Локалните медиуми известуваат за напори на полицијата во Истанбул и Анкара да им овозможи на новинарите снимање на првомајските демонстрации и апсења.

Во Мадрид маршираше и вицепремиерката

Атмосферата беше прилично напната и во Париз, каде левичарите со жолти елеци се соочија со полицијата. Во Мадрид потпретседателката на владата Кармен Калво маршираше со членови на Шпанската социјалистичка работничка партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This