дома Актуелно (Видео) Една година дeл oд НАТО: Цeнтpaлнa cвeчeнocт вo кacapнaтa „Илиндeн“

(Видео) Една година дeл oд НАТО: Цeнтpaлнa cвeчeнocт вo кacapнaтa „Илиндeн“

Денес се одржува централна свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

„Една од придобивките на нашето членство на НАТО е тоа што нашето небо и територија се дел од колективната заштита на 30-те земји членки на Алијансата“, беше потенцирано на денешниот настан.

По тој повод, три воени авиони на Алијансата прелетаа над македонско небо.

На настанот присуствува целиот државен врв, сочинет од претседателот на земјата, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

„Со чинот на депонирање на Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот во Вашингтон, станавме 30-та полноправна земја-членка на најмоќниот военополитички сојуз на денешнината. Денес, знамето на Република Македонија се вее пред седиштето на НАТО во Брисел, во Командата на сојузничките сили за операции во Шејп – Монс и Команда на сојузничките сили за трансформации во Норфолк, Вирџинија, а Македонија како полноправна членка учествува во сите процеси и активности на најмоќниот воено политички сојуз на денешнината“, објави денес од Владата.