(ВИДЕО) Експлозија на бомба во Минхен – има и повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарникарите во главниот град на Баварија соопштија дека едно лице е тешко повредено во експлозија во близина на градилиште покрај станицата. Возниот сообраќај во моментов е суспендиран.

Севкупно четири лица се повредени во експлозија во непосредна близина на главната железничка станица во Минхен, информираат од градската противпожарна служба.

Експлозијата, за која се верува дека била предизвикана од претходно неексплодирана бомба од Втората светска војна, ги натера властите да ги запрат сите железнички линии.

Експлозијата се случила на градилиште во близина на железничката станица, соопштуваат противпожарната служба во Минхен.

На лице место работеле четворицата повредени, од кои едното се здобило со тешки телесни повреди, соопшти итната помош.

Воздушна бомба од Втората светска војна била причина за експлозијата, изјави министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман за време на посетата на локацијата.

Работниците случајно ја погодиле бомбата тешка 250 килограми додека вршеле дупчење, додаде тој.

Германската железничка служба Дојче Бан соопшти дека ја прекинала железничката служба како мерка на претпазливост бидејќи експлозијата се случила во близина на мостот каде мора да поминуваат сите возови во и надвор од станицата, пренесуваат од Дојче Веле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This