дома Свет (Видео) Екcклyзивнo: Moмeнтoт кoгa дeлoт oд кинecкaтa paкeтa пaѓa нa Земјата

(Видео) Екcклyзивнo: Moмeнтoт кoгa дeлoт oд кинecкaтa paкeтa пaѓa нa Земјата

Големо парче од кинеска ракета се распадна денес над Индискиот Океан, објави кинеската вселенска агенција по големите шпекулации за тоа каде може да паднат остатоците од 18-тонската ракета.

Моментот кога дел од кинеската ракета „Долг марш 5Б“ од 18 тони падна на земја, е снимен со мобилен телефон.

Според мониторингот и анализата, кинеската агенција навела дека првиот дел од ракетата „Долг марш 5Б“ влегол во атмосферата во 10,24 часот по локално време (4,24 по средноевропско време), и им дал на координатите на локацијата во Индискиот океан во близина на Малдиви.

Како што објави агенцијата, поголемиот дел од тоа парче изгорело и било уништено при влегувањето во атмосферата.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.