дома Технологија (Видео) Елон Маск гради чyдo под Лас Вегас

(Видео) Елон Маск гради чyдo под Лас Вегас

Компанија „Борнинг“ во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, го заврши ископувањето на вториот од двата тунела наменети за системот за подземен транзит.

Минатата година компанијата доби договор за изградба на 1,6 километарски тунелски систем. Трошоците изнесуваат 52,5 милиони долари, а сите работи ќе бидат завршени во јануари 2021 година.

Проектот е официјално наречен „Convention Center Loop“ и ќе превезува патници под Конвенцискиот центар во Лас Вегас, со автономни електрични возила на Тесла. Системот е дизајниран така што може да пренесе повеќе од 4.000 луѓе за еден час, така што 15-минутната прошетка ќе биде заменета со двоминутно возење. Идните експанзии треба да ги поврзат познатиот Стрип, Меѓународниот аеродром и стадионот во Лас Вегас.