April 24, 2024, 11:31 am

(Видео) Еpyптиpaшe eдeн oд нajaктивнитe вyлkaни вo Африка – житeлитe вo пaниka

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најактивните вулкани на африканскиот континент, Нијарагонго на истокот од Демократска Република Конго, еруптираше во саботата, а жителите на блискиот град Гома во паника се дадоа во бегство иако вулканолог проценува дека градот не е во опасност.

Луѓето земале душеци и други работи и побегнале кон границата со соседна Руанда, додека црвниот отстјај го прекрил небото над градот.

Вулканологот Дарио Тадеско изјавил за Reuters дека се чини дека Гома, град со околу два милиона жители, не е во опасност, а дека лавата истекува кон исток во правецот на границата со Руанда.

„Можам да видам високи фонтани од лавата“, рекол Тадеско. Претходо оценил дека лавата многу брзо ќе стаса до Гома, но подоцна тврдел дека тоа сепак, нема да се случи.

– Во моментов не е објавена евакуација на населението од областите најблиски до волканот, рекол Тадеско за Reuters.

Вулканот Нијарагонго последен пат еруптираше во 2002 година кога загинаа 250 лица, а без домовите останаа околу 120.000 луѓе откако лавата се слеа во Гома.

Нијарагонго, кој е дел од Албертиновата пукантина, е висок 3.470 метри. Познат е по својата многу течна лава поради посебниот хемиски состав. Брзината на движењето на лавата низ падините на вулканот достигнуваат до 96 колометри на час.

Вулканолозите стравуваат дека вулканската активноста регистрирана последните пет години е слична на онаа забележани во годините кои претходеа на големите ерупции од 1977 кога загинаа над 600 луѓе и 2002 година со над 250 жртви.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This