March 28, 2024, 10:11 pm

(Видео) Жестоко на четири дена пред изборниот молк – црнaта кампања се заoструва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓусебни препукувања, лични навреди и заострување на реториката- партиските митинзи влегуваат во финалето. На четири дена пред крајот на партиските митинзи, се повеќе се зголемува и црната кампања , оценува за Алфа аналитичарот Алберт Муслиу. Најавува дека до изборниот молк ќе кулминира негативната кампања, особено на социјалните мрежи.

На почетокот се трудеа да го оддржат нивото, имаше презентирање на проекти, на програми, но како се наближува крајот на кампањата се губи трпението, и започнуваат пожестоко со негативна кампања..- вели Алберт Муслиу – аналитичар.

Но не само негативната кампања која ја водат партиите во трката за добивање на локалната власт, во ова предизборие доминираа и недоличните гетикулации на политичарите. Кулминација е онаа на премиерот…

Кампањата ја карактеризира и повторното мешање на партиските и државните функции. За дел од нив Антикорупциска веќе отвори и случаи, како за мешање на позициите, но и користење на службените ресурси за партиски цели. Експертите велат дека ваквите случаи не се новост, но на потег се институциите за делуваат соодветно.

Тука има и политичка има и законска одговорност. Законската треба установи Антикорупциската комисија, треба да ја установи Комисијата за борба против корупцијата, а во случај на злоупотреба на ресурсите на државните институции, а од друга страна вие не можете да ги разводите личностите.. вели Алберт Муслиу – аналитичар.

Кампањата завршува на петок на полноќ, по што стапува предизборниот молк до крајот на гласањето во недела до 19 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This