(Видео) Житeлитe не се oткaжувaaт: Прoтеcт прoтив изгрaдбa на Цeнтapoт за cтрaнци во Бaрдoвци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатиот период, се поактуелно станува прашањето за изградба на прифатниот центар за странци во близина на скопската населба Бардовци.

Според извештајот на Министерството за транспорт и врски, изградбата на центарот ќе има долгорочни негативни влијанија врз животите и имотот на луѓето кои живеат пред се во Бардовци и Волково, а последиците ќе се почувствуваат и во околните населби како што се Ново Село, Даме Груев, Злокуќани и Визбегово.

Жителите на Бардовци се фрустрирани од помислата да живеат на само 500 метри од центарот, каде што ќе се населат луѓе со непознато потекло.

Поради овие причини, денес бардовчани се собраа на организиран протест со цел да го искажат нивниот став и да го привлечат вниманието на надлежните кои ја дозволија изградбата на овој центар за странци.

– Изградбата на прифатниот центар за странци во Општина Карпош се очекува да предизвика долгорочни негативни влијанија од социоекономски аспект, односно интеграција на прифатените странски државјани во социјалните текови на заедницата, потреба од отворање на нови работни места, сместување, комуникација со локалното население, ризици по здравјето и безбедноста на заедницата, а особено врз жените и децата. центарот кој според габаритот ќе собере околу 3000 луѓе, ќе биде опасност по нашите домови, а одговорните планираат овие луѓе да останат тука како наши идни соседи. Ние не сме ксенофоби, ниту лоши соседи, живееме со многу странски амбасадори и конзули кои можат да го потврдат гостопримството на бардовчани. Но вакви проекти во рамките на населбата никако не смеат да поминат, велат бардовчани.

– Бараме итно да се прекине со градење на контроверзниот центар и да се пристапи кон негова релокација!, ова е ставот на поголемиот дел на жителите на Бардовци.

Жителите на Бардовци најавија дека ќе останат на нивниот став и ќе продолжат со протестите се додека не се исполнат нивните барања, и додека не се релоцира центарот за странци.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This