дома Свет (Видео) ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ ГО „ЗАТВОРИЈА“ ЛУВР: Француските демонстранти противници на реформа...

(Видео) ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ ГО „ЗАТВОРИЈА“ ЛУВР: Француските демонстранти противници на реформа во пензискиот фонд ги блокираа влезовите

Туристите, кои се надеваат дека ќе видат некои од најпознатите уметнички дела во светот, во петокот беа приморани да ги променат плановите, поради протестите за пензиските-реформи кои ја зафатија Франција пред музејот Лувр во Париз.

Десетици демонстранти се собраа на влезот на славниот музеј, извикувајќи пароли и пееја песни во француската престолнина.

Туристичката атракциај беше избрана како место за демонстрација бидејќи тука францускиот претседател Емануел Макрон ја прослави својата победа на претседателските избори во мај 2017 година.

Музејот на својата веб-страница излезе со известување во кое ги предупредува потенцијалните посетители дека не може да го гарантира нивниот влез и нивното патување може да биде залудно. „Поради јавните протести, музејот може да се отвори подоцна и некои изложбени простории може да останат затворени. Се извинуваме за сите непријатности предизвикани и ви благодарам за разбирањето “, се наведува во соопштението.