дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) Жecтoкa кaвгa нa Џафери и Мицевски: Ceдницa зa 5-тиoт пaкeт нeмa...

(Видео) Жecтoкa кaвгa нa Џафери и Мицевски: Ceдницa зa 5-тиoт пaкeт нeмa дa имa, нe ce иcпoлнeти ycлoвитe

Жестока кавга меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и претседателот на Собранието Талат Џафери. Мицевски бараше да се закаже седницата за усвојување на петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството поради кризата со Ковид-19 откако вчера поминаа на комисиска расправа.

„Иако сите тие се недоволни и закаснети мерки сметам дека не треба ние да бидеме причина и пречка, барем од овој дел од задачите кои што ги имаме во Собранието да бидат завршени час поскоро поради економијата и стопанството. Не велам дека Собранието е функционално и дека нема други проблеми меѓутоа барем за овие од 5-от пакет економски мерки нема никакви пречки“, рече Никола Мицевски Координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Но за претседателот на Собранието Талат Џафери не биле исполнети деловничките услови но и дека парламентот не работел врз основа на процедурални укажувања.

„Ги доведовте институциите во ситуација да не може да функционираат во оваа кризна состојба. Дедо ми…ако веќе прашуваш кој, дедо ми. Не се исполнети условите деловнички за да може да се продолжи таа седница“, посочи Талат Џафери. 

Сепак Мицевски инсистираше дека услови за седница за 5 пакет мерки има.

„Не знам зошто 24 часа по завршувањето на комисиите вие се уште немате извештај по основ на ова барање кое што е приоритетно и граѓаните го чекаат“, додаде Мицевски.

„Знаеш дека пред 24 часа на оваа седница ја прекинавме вчера заради вакцинирање на службата и сега не се повикувајте на службата, што прави службата. Службата вчера во 13 часот прекинавме со работа поради вакцинирање“, истакна Џафери.

Законите од петтиот пакет мерки се во Собраниска процедура уште од февруари, но поради големиот број амандмани од Алијанса за Албанците Алтернатива, останаа заглавени во Собранието. Деновиве прво ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за државјанство, по што тоа го направи и Алијанса Алтернатива.