April 17, 2024, 12:47 am

(Видео) Заев бил во директна врска со Мијалков, му помагал, и поради тоа ќе мора да си даде оcтавка и да одговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето ќе покаже дека премиерот Зоран Заев бил во директна врска со бегалецот, сега веќе првостепено осуден Мијалков, изјави Љупчо Палевски во денешното издание на емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс, додавајќи дека за ова Заев треба да сноси сериозна политичка одговорност.

„Истрагата која обвинителката Ленче Ристовска ја води околу со бегството на Сашо Мијалков е сериозен проблем за Зоран Заев. Ќе мора да си даде оставка затоа што директно учествувал и помагал и спречувал, врачување на тоа решение“, потенцира Палевски.

Тој додаде дека важноста на овој предмет произлегува од мешањето на политиката во спроведување на правдата, во спроведувањето на судските решенија, во спроведување на испорака на правда на овој народ.

„Ако веќе не испорачал 500 евра, ако не испорачал ништо, а продал се, и име, историја и така натаму.. Овој пат целокупната одговорност ќе биде докажана и ќе биде негова. Ќе си ја кркне одговорноста Зоран Заев, и нека спреми добра експликација, бидејќи Зоран Заев помагал на Сашо Мијалков во избегнување на решение, на правда, договарање, сето тоа мора да се расчисти бидејќи се работи за премиер на една држава“, посочи Палевски додавајќи дека докази има, само прашање е дали и до каде ќе оди истрагата на Ристовска.

„Тешки Муабети“ – Епизода 24, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 24, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош МилошевскиТема:Слободна тема и одговори на прашања

Posted by infomax.mk on Sunday, March 21, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This